Прв OUTLET за безбедност и заштита при работа
ARMOR PLUS ја отвори првата outlet продавница во Македонија посветена на лична заштитна опрема (PPE). Новата локација на ул. Трета македонска бригада бр. 48, Скопје, нуди директен пристап до сертифицирана заштитна опрема по поволни outlet цени, без компромис во квалитетот.
Продавницата е наменета за професионалци од различни сектори – градежништво, индустрија, пожарникарство – како и за индивидуални клиенти кои имаат потреба од сигурна заштита. Во понудата се вклучени: Работна облека и зимски јакни, Заштитни обувки, Шлемови и заштитни очила, Спортска опрема и додатоци, Стручна поддршка на лице место.
Овој нов Outlet концепт овозможува професионалната заштита да биде подостапна за поширок круг корисници – од работници во индустрија и градежништво до спортисти и поединци со високи стандарди за безбедност.
Дознај Повеќе
Подетално за компанијата
ЗАШТИТА СПОРЕД СИТЕ СТАНДАРДИ
АРМОР ПЛУС доо Скопје - Водечка компанија на пазарот за лични заштитни средства.
-
• Противпожарна и хидрантска опрема
-
• Опрема за лична заштита
-
• Специјална програма
-
• Сервис и обука
-
• Опрема за планинарење и лов

АРМОР ПЛУС доо нуди и:
-
• Проверка на опремата за работа на височина, која ја изведуваат акредитирани и обучени лица.
-
• Сервисирање на специјална опрема за спасување од сообраќајни незгоди и елементарни непогоди, ја изведуваат акредитирани и обучени лица.
-
• Сервисирање на алкотестери, гас детектори и дишни апарати, ја изведуваат акредитирани и обучени лица.
-
• Континуирана обука на тимот и клиентите во сите области, преку семинари, посета на саеми, курсеви, презентации и консултации за потребите на купувачите.
- • Изведба и монтажа на Lifeline системи за работа на височина

АРМОР ПЛУС - дел од PASTOR GROUP
АРМОР ПЛУС доо е основана 2002 година во Скопје, управувана од тим кој со своите иновативни и креативни решенија стана еден од водечките специјалисти за работна облека и опрема за лична заштита. Почетоците на АРМОР ПЛУС беа со поголем акцент врз поединецот, производство и трговија со лична заштитна опрема, со што ги дефиниравме стандардите на пазарот.
Во 2010 година АРМОР ПЛУС стана дел од PASTOR GROUP, со што се отвори нова перспектива во областа на противпожарната заштита, со продажба на производи и опрема, како и обезбедување решенија и услуги за зголемена сигурност, спасување животи, имот и околината.


ЛУЃЕТО СЕ НАЈВАЖНИОТ РЕСУРС
Тоа е двигателот и филозофијата на нашата компанија. Благодарение на овој пристап АРМОР ПЛУС има улога на лидер во секторот безбедност и заштита при работа. Мисијата која ја следиме е да се подобрат условите и животот на сите оние на кои секојдневната работа им е тешка, непопуларна, опасна и со големи ризици. Ова е нашата цел и начин на функционирање, бидејќи иднина на светот е да има подобри услови за сите.
Контакт информации
Адреса
Улица: Бул. Трета македонска бригада бр. 48,
(управна зграда Раде Кончар), 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Мапа
Документи
