Filters
Пребарување
РЕСТОРАН АМБИЕНТ

ОСНОВНА ДЕЈНОСТ

РЕСТОРАН АМБИЕНТ - Амбиент... и највкусна храна

Богато мени, прекрасна храна, одлична услуга.
Специјалитети под сач и печено месо или риба во фурна на дрва, па се до морски спецјалитети, пици и други интернационални јадења подготвени на дрва

РЕСТОРАН АМБИЕНТ

Подетално за компанијата

Подетално за компанијата

Ресторанот АМБИЕНТ се наоѓа во пробиштипското село Пишица, сместено во подножјето на планината Манговица, во исклучително чиста еколошка средина, со богата и специфична кулинарска тредиција, од која дел може да провате и од кујната на ресторанот. Угостителскиот објект го добил името по убавиот амбиент во кој е сместен. Три езерца по кое пливаат шатки, лебеди и други птици, голем двор богат со зеленило низ кој шетаат пауни и ентериер и екстериер што целосно се вклопуваат во оваа природна идила. Амбиент, од кој буквално произлегува името на ресторанот АМБИЕНТ и претставува само најава дека приказната продолжува со нови кулинарски доживувања.

restoran-ambient-clubeconomy
restoran-ambient-clubeconomy

Кујната на АМБИЕНТ е со богато мени во кое има традиционални јадења од Злетовско пробиштипскиот регион, како што се специјалитетите под сач и печеното месо или риба во фурна на дрва, па се до морски спецјалитети, пици и други интернационални јадења кои добиваат посебен вкус, бидејќи се подготвуваат на дрва. За љубителите на шумско овошје нудиме овошни купови од свежа шумска капина, собрано од злетовскиот еколошки чисти планински појас.

Ресторанот е посебен и по тоа што гостите можат да го набљудуваат подготвувањето на нивните јадења, а убавиот мирис и вкус и врвната услуга го надополнуваат чувството дека сте доживеале нешто што не се заборава.

restoran-ambient-clubeconomy
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.

Контакт информации

Адреса

Улица: Село Пишица, 2210 Пробиштип
Град: Пробиштип
Држава: Македонија


Социјални медиуми

Лице за контакт




Мапа