
Подетално за компанијата
производство, проектирање и инженеринг
ВАРДАРГРАДБА
ДЕЈНОСТ
Основна дејност на компанијата ВАРДАРГРАДБА – ДОО - Скопје е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба, како и производство и продажба на градежни производи (песок, бетон, арматура).
Компанијата е формирана во 1999 година, од основачот дипл.град.инг. Петар Тасески и до сега има учествувано на многу проекти и изградено повеќе од 100 објекти насекаде низ Македонија, каде како инвеститори се јавувале Владата на РМ, преку нејзините ресорни министерства, општините и странски организации преку нивните донации (OBSE, EAR, UNDP).
Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација и алати, како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски. ВАРДАРГРАДБА од неговото основање, па до денес, постојано го зголемува бројот на вработените, соодветно на проширувањето и развојот.
СЕРТИФИКАТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ (QMS)
На 20. април, 2004 година компанијата ВАРДАРГРАДБА успешно го заврши процесот на имплементација и сертификација на Системот за управување со квалитет (Quality Menagment System (QMS)), а во согласност со барањата на ISO 9001:2000.
Сертификацијата е извршена од страна на неутралното тело за сертификација BSI (British Standards Institution - Британска Институција за Сертификација) од Лондон.
Овој сертификат претставува потврда на нашите бизнис активности, со висок квалитет на обезбедените услуги и производи, како и наша тенденција за постојано подобрување и примена на меѓународните бизнис стандарди. Системот за управување со квалитет (QMS) генерално има за цел да осигура дека обезбедените услуги ги задоволуваат очекувањата на инвеститорот.
Содржините, графичките и техничките решенија изработени од тимот на Club Economy се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови и графичко-техничките решенија е казниво со закон.
Контакт информации
Адреса
Улица: Н.М. Трубарево, Ул.1 Бр.2А, 1000 Скопје
Град: Скопје
Држава: Македонија
Социјални медиуми
Лице за контакт

